Тинекс Пролет ќе влезе без пораз во репрезентативната пауза откако нашиот клуб во рамките од шестото коло рутински стигна до триумф над Скопје од 30-22. По договорот на клубовите за промена на домаќинството овој меч беше одигран во салата „Македонско Сонце“ во Пролет, а избраниците на Лембанов знаеја како да ја искористат предноста што ја носи дома