Алексо Лембанов го одржа првиот тренинг во 2022 година, со што беше означен стартот на подготовките за вториот дел од сезоната. Амбициите на Тинекс Пролет остануваат исти, пласман во плејофот од домашното првенство, а кај сите во играчкиот кадар, стручниот штаб и во управата постои оптимизам дека кризата од крајот на 2021 година ќе биде надмината и