Македонија освои злато, Димковски од Тинекс Пролет е МВП, а Тотиќ најдобро лево крило

Кадетската репрезентација на Македонија оствари огромен успех со освојувањето на златниот медал на ЕХФ шампионатот што се одржуваше во Летонија, откако нашите млади ракометари во големото финале славеа над Швајцарија со 24-22.

Значаен придонес за овој успех на кадетската селекција имаат и тројцата ракометари на Тинекс Пролет, Андреј Стојановски, Михаел Тотиќ и Томислав Димковски, кои беа значајни алки во составот на  „црвено-жолтите“.

Стојановски беше капитен на репрезентацијата, додека Димковски го одигра на највисоко ниво целокупното првенство. Тој беше и најефикасен македонски ракометар во големото финале со седум гола, а по мечот ја доби наградата за МВП шампионатот.

Тотиќ беше избран во идеалниот тим на шампионатот како најдобро лево крило на ова натпреварување.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести