Пораз од Базел на првата контрола во Врање (31-35)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 31-35 на првиот натпревар против швајцарскиот прволигаш Базел што нашиот клуб го одигра во Врање. Ова беше прва контрола за Тинекс Пролет летово, тренерот Алексо Лембанов им даде шанса на сите ракометари да покажат што знаат и умеат и без оглед на конечниот резултат целокупниот впечаток е позитивен.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која двата тима се менуваа во водство. Тинекс Пролет имаше најубедливи „плус три“ во периодот кога голманот Петковски влезе во серија на добри одбрани, но Базел успеа да се врати и да го свррти резултатот во своја полза, на одмор заминувајќи со минимално водство од 15-16. Двајцата тренери ги изротираа екипите во вторите 30 минути од мечот, при што подобро се снајдоа Швајцарците, кои го добија мечот со конечни „плус четири“.

Вториот натпревар меѓу Тинекс Пролет и Базел на програмата е утре.



Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести