Димковски од Тинекс Пролет, МВП во победата на Македонија

Ракометарот на Тинекс Пролет, Томислав Димковски, беше најдобар поединец во македонската кадетска репрезентација при победата над Летонија на ЕХФ-шампионатот што се одржува во Рига.

„Црвено-жолтите“ триумфираа со убедливи 33-23, а Димковски го заврши мечот со шест гола од девет обиди, за што го доби и МВП признанието по завршувањето на натпреварот.

Дел од македонската репрезентација на овој ЕХФ шампионат се уште двајца млади ракометари на Тинекс Пролет, Андреј Стојановски постигна три, а Михаил Тотиќ еден гол при денешниот триумф.

Тројцата ракометари по завршувањето на шампионатот ќе се приклучат на подготовките на нашиот клуб и ќе бидат дел од плановите на тренерот Лембанов и за натпреварите на првата екипа на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести