Македонија со тројца ракометари на Тинекс Пролет на ЕХФ-шампионатот за младинци

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Бранислав Ангеловски, го објави списокот на ракометари за кои ќе смета на претстојниот ЕХФ-шампионат што се одржи во Варна, Бугарија.

На списокот на „црвено-жолтите“ се наоѓаат и тројца ракометари на Тинекс Пролет, и тоа Михаел Тотиќ, Андреј Стојановски и Томислав Димковски. Станува збор за тројца ракометари кои минатата сезона беа меѓу лидерите на младинскиот тим на Тинекс Пролет, а минатата сезона добија шанса за настап и за првата екипа.

Младинската репрезентаицја на Македонија во Варна ќе се натпреварува во групата Б, каде за ривали ќе ги има селекциите на Романија, Украина, Швајцарија и Косово. Нашите млади ракометари првиот меч на ЕХФ-шампионатот ќе го играат на 16 јули (сабота) против Украина, со почеток во 17 часот.

 


Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести