Данило Михаљевиќ, нов голман на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет го реши голманското прашање за новата натпреварувачка сезона потпишувајќи договор со Данило Михаљевиќ. Овој 25-годишен чувар на мрежата доаѓа од Црна Гора и има зад своето име настапи за сите младински селекции, како и за А-репрезентацијата на својата татковина.

Михаљевиќ ги мина изминатите денови во Скопје, по што го стави својот потпис на едногодишниот договор со Тинекс Пролет, со можност за дополнително продолжување на соработката. Михаљевиќ има настапувано за неколку црногорски екипи, но исто така и во неколку клубови во странство, како Пореч од Хрватска, Железничар Ниш од Србија, Сетубал од Португалија и Пјотрковјанин Трибулански од Полска. Тој доаѓа за да го засили тимот по заминувањето на Јане Цветковски и ќе ја сочинува голманското трио заедно со Андреј Петковски и со Матеј Ивановски.

Данило Михаљевиќ е третото значајно засилување за нашиот тим,по ангажманот на македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски и на Александар Василевски, а во наредниот период се очекува дополнително засилување на Тинекс Пролет за играчкиот кадар за наредната сезона.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести