Тинекс Пролет дополнително го засили играчкиот кадар потпишувајќи договор со Александар Василевски, искусниот лев бек, кој по една година пауза се враќа назад во нашиот клуб.
Василевски претходно неколку сезони со успех настапуваше за Пролет, минатото лето се пресели во новиот суперлигаш Скопје, за сега да се врати назад во Тинекс Пролет. Со ангажманот на Василевски скопскиот тим дополнително ја засилува бековската линија, а во блиска иднина се очекува да биде решено и голманското прашање во екипата.
Пролет претходно го доведе и македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, а потпиша и нови договори со дел од клучните ракометари од последните неколку сезони.