Давор Палевски останува во Тинекс Пролет

Давор Палевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет откако потпиша нов едногодишен договор со нашиот клуб. За услугите на квалитетното лево крило се интересираа уште неколку македонски суперлигаши, но тој ја избра понудата на Тинекс Пролет и во наредната сезона повторно ќе биде еден од главните адути во атакот на висок пласман на табелата.

Палевски дојде во редовите на Пролет пред две сезони од екипата на Работнички. Тој беше меѓу најстандардните ракометари во нашата екипа, пa на обострано задоволство соработката ќе продолжи уште најмалку една година.



Тинекс Пролет претходно потпиша нови договори и со капитенот Ласко Андоновски и десното крило Мартин Димов, а како ново засилување пристигна македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести