Тинекс Пролет со задоволство ја прифати поканата да биде дел од турнирот „Марко Божиновски“ што меморијално ќе биде одржан во чест на поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, од 14 до 17 јуни во Скопје.
Кадетскиот тим на Тинекс Пролет сезонава прикажа одлични игри и се пласираше на фајналфор натпреварувањето во Охрид, а настапите на овој турнир ќе бидат одлична можност за проверка на можностите против квалитетни ривали.
Нашата екипа ќе биде еден од осумте учесници на овој меморијален турнир, заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Голден Арт, Бутел, како и гостите од регионот, Војводина и Нексе.