Триумф над Скопје, за максимални „осум од осум“, на крајот од сезоната

Ракометарите на Тинекс Пролет со максимални „осум од осум“ ги завршија плејаут натпреварите во Суперлигата на Македонија, заокружувајќи ја на тој начин сезоната 2021/22 на првото место во плејаут разигрувањето.

Во последното коло од шампионатот, Тинекс Пролет на домашен терен рутински славеше против екипата на Скопје со 28-22. Нашите ракометарите низ максимално сигурна игра во текот на целиот натпревар не дозволија никакво изненадување осигурувајќи ја првата позиција во плејаут натпреварувањето со перфектни осум победи од исто толку натпревари.

По играта гол за гол низ почетните минути од средбата, во финишот од првиот дел Тинекс Пролет дојде до заслужена предност, за 15-13 на полувремето. Во второто полувреме во континуитет дополнително се зголемуваше предноста, предводени од Димов и Пејовиќ во офанзивата, за на крај и убедлив триумф од шест гола разлика.



Најдобар поединец во нашиот состав беше Мартин Димов со девет постигнати гола, а шест погодоци запиша Жарко Пејовиќ. На спротивната страна најефикасен беше Леонид Киселовски со седум постигнати гола.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести