Јагуриновски потпиша договор со Тинекс Пролет

Македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски е првото засилување на тимот на Тинекс Пролет за наредната сезона. За услугите на одличниот десен бек се интересираа уште неколку екипи, но раководството на Тинекс Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка.

Јагуриновски доаѓа во Тинекс Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Тинекс Пролет.

Тој беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП2022. Токму Јагуриновски го изнуди клучниот пенал на реваншот со Чешка што Филип Кузмановски го претвори во гол за мундијалски билет во последните секунди од мечот во СЦ „Борис Трајковски“.

„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести