Победа во драматичен финиш во Струга: Тинекс Пролет останува перфектен во плејаут-лигата

Тинекс Пролет ја продолжи серијата победи во плејаут натпреварувањето откако избраниците на тренерот Лембанов триумфираа и на гостувањето против второпласираната Струга, со минимални 31-32. Одбраната не беше на вообичаеното ниво, но затоа беспрекорно функционираше нападот, а улогата на херој му припадна на Аларов, кој го постигна победничкиот гол во последната минута од мечот.

Стружани подобро го отворија мечот и во раната фаза поведоа со три гола предност (5-2, 6-3, 8-5). Тинекс Пролет конечно го пронајде посакуваниот ритам и набрзина стигна до 8-8, по што извесен период се играше „гол за гол“. Домашните ракометари повторно се одлепија и поведоа со 16-13, но со двата гола на пивотот Крстевски гостинскиот состав успеа да намали на 19-17 на крајот од полувремето. По само неколку минути игра во вториот дел следеше израмнување на 20-20, а нешто подоцна и водство на Тинекс Пролет од 21-22. До крајот на мечот се играше максимално израмнето, а искуството на Тинекс Пролет се покажа како клучен фактор во последните минути од овој интересен натпревар.

Струга имаше водство од 31-30, Аларов израмни, а домаќините потоа не реализираа напад за ново водство. Аларов повторно биеше прецизно за водство на Тинекс Пролет од 31-32, по што нашиот тим го одбрани и последниот налет на стружани, за нова победа и зацврстување на првото место во плејаут натпреварувањето.

Аларов, Џонов и Андоновски постигнаа по пет погодоци, додека Крстески и Димов придонесоа со по четири погодоци во овој триумф на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести