Тинекс Пролет на мегдан со Струга: Цврста одбрана и голови од транзиција, тоа е рецептот за победа

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска (18.30 часот) ќе го пречекаат составот на Струга, во обид со нов триумф уште повеќе да се зацврстат на првото место на табелата во плејаут разигрувањето. Против себе ќе имаат ривал што сезонава веќе двапати го имаат совладано (21-24 во Струга, 30-22 во Скопје), но тренерот Лембанов предупредува на максимална сериозност во пресрет на овој дуел.

„Досегашните две средби беа сосема различни, на првиот во Струга до пред самиот крај се боревме за победата, додека на оној вториот прашањето на победникот го решивме на почетокот од второто полувреме. Струга во однос на тој последен дуел е засилена со нов интернационалец од Црна Гора на голманската позиција, но во тимот нема двајца ракометари кои беа дел од ротацијата во првиот дел од сезоната. Ние знаеме што е потребно, мораме да бидеме цврсти во одбраната и максимално да ги користиме шансите што ќе ни се укажат од контра и полуконтра, преку добра игра во транзиција. Струга е тим што играта ја базира на шутеви од бековските позиции, тоа е она што ќе треба да го неутрализираме“, изјави Лембанов во пресрет на денешната средба.

Тинекс Пролет моментно се наоѓа на првото место со осум бода на плејаут-табелата, еден повеќе од денешниот противник Струга.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести