Гостување во Бутел за завршување на настапот во Супер-лигата

Ракометарите на Тинекс Пролет вечерва му гостуваат на градскиот ривал Бутел (18.30 часот), како дел од последното коло во ракометната Супер-лига на Македонија.  Без оглед на фактот дека во овој меч се влегува без шанса за пласман во Топ 6 и влез во плејофот, желба на сите во тимот е да се прикаже добра игра и да се крене формата во пресрет на наредните предизвици пред тренерот Лембанов и неговите избраници.

Натпреварите меѓу Бутел и Тинекс Пролет ги одбележува цврста игра во одбраната и надигрување на двете страни до самиот финиш, нешто што се очекува и од денешната пресметка на градските ривали.

„Дуелите меѓу Бутел и Пролет низ годините се повеќе добиваат на квалитет, полни се со неизвесност до последните минути. Јасно е дека цврстата одбрана ќе биде рецептот за успех и на овој меч, но ќе мораме да бидеме и дисциплинирани во нападот, бидејќи против себе имаме тим што знае да ги казнува грешките на противниците. Мотивацијата е на високо ниво, не дозволуваме загубената битка за влез во плејофот да се одрази врз желбата за триумф на сите натпревари до крајот на оваа сезона“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести