Добар отпор од 20 минути, па пораз од шампионот Вардар (34-22)

Тинекс Пролет го претрпе првиот пораз во 2022 година откако избраниците на Лембанов загубија на денешното гостување против шампионот Вардар со 34-22. Конечниот исход е очекуван со оглед на разликата во квалитет меѓу двата тима, а Тинекс Пролет умешно парираше до пред крајот на првото полувреме, кога „вардарци“ влегоа во серија, за домаќините во вторите 30 минути да стигнат и до убедлива победа.

Првото полувреме донесе израмнета игра во која Тинекс Пролет во голем дел му парираше на големиот фаворит. Вардар поведе со почетни 2-0, избраниците на Лембанов веднаш израмнија на 3-3, по што петнаесетина минути се играше гол за гол. Резултатот последен пат беше израмнет при 7-7, Тинекс Пролет одржуваше резултатска неизвесност се до 11-10, кога „црвено-црните“ постигнаа неколку гола во серија и посериозно се одлепија, пред Џонов да погоди во последните секунди од полувремето и на одмор да се замине со 15-12. 

Вардар беше подобар ривал и на самиот почеток од второто полувреме, откако домашните ракометари отворија со серија од 3-0 и полни со самодоверба го доиграа натпреварот до самиот крај. Тинекс Пролет немаше сили да парира на големиот фаворит, кој преку Дибиров на средина од вториот дел стигна до првото двоцифрено водство (25-15). Остатокот од мечот мина во израмнета борба вокоја „вардарци“ го одржаа двоцифреното водство се до конечните 34-22. 

Аларов, Џонов и Голубовиќ беа најефикасни во редовите на Тинекс Пролет со по пет погодоци, три гола постигна Палевски, а два капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести