Успешен старт на 2022 - рутинска победа над Струга (30-22)

Тинекс Пролет славеше триумф над Струга со резултат 30-22 на првиот суперлигашки натпревар што нашиот клуб го одигра во 2022 година. Првото полувреме донесе израмнета игра на двете страни, за во вториот дел да пресуди квалитетот на Тинекс Пролет, нашиот тим заигра поквалитетно и во нападот и во одбраната и заслужено прокнижи нови бодови на суперлигашката табела.

Голубовиќ го постигна првиот гол на мечот за водство од 1-0, Тинекс Пролет нешто подоцна имаше и 4-2, но ситуацијата се промени по исклучувањето на Крстески во 9. минута. Стружани најпрвин стигнаа до израмнување, а нешто подоцна и до предност од два гола. Единствен расположен за игра во таборот на Тинекс Пролет во овој дел од мечот беше Пејовиќ,кој пред крајот на полувремето доби помош и од Џонов.

Со голот на Ласко Андоновски на одмор се замина со израмнети 13-13, по што второто полувреме целосно мина во знакот на Тинекс Пролет. Домшните ракометари заиграа поцврсто во одбраната, а на голот блесна искусниот Јане Цветковски, кој со неколку одлични интервенции овозможи избраниците на Лембанов резултатски да се одлепат. Отпорот на стружани беше скршен кога на десетина минути до крајот се стигна до „плус пет“ (23-18),во завршницата Лембанов им даде шанса и на дел од помладите ракометари, но водството се крена до конечните 30-22.

Пејовиќ и Џонов со по шест погодоци беа најефикасни во нападот на Тинекс Пролет, со што заедно со голманот Цветковски беа и најзаслужни за победата. Со пет гола денешниот меч го заврши Давор Палевски, четири даде Аларов, три Голубовиќ, а со по два погодоци натпреварот го завршија капитенот Ласко Андоновски и младиот Бојан Јовановски.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести