Време е за враќање на победнички патеки

Ракометарите на Тинекс Пролет вечерва во 18 часот го пречекуваат Скопје, идеална можност за прекинување на серијата од три порази што нашиот тим ја има во Супер-лигата. Ривалот се уште е без триумф во досегашниот дел од сезоната, но одличниот отпор што го пружи на првиот овосезонски дуел е јасно предупредување дека мора да се одигра на највисоко ниво ако се сака да се стигне до посакуваниот триумф. 

На денешниот натпревар на клупата на Тинекс Пролет ќе дебитира Алексо Лембaнов, кој ќе ја води првата екипа до именувањето на перманентен наследник на Андон Бошковски.

„Свесни сме за грешките што се правеа на последните натпревари и сето она што треба да го корегираме.Скопје можеби нема триумф, но станува збор за состав со искусни и квалитетни ракометари што сигурно нема да се предадат без борба. Затоа, мораме да бидеме фокусирани во текот на целиот натпревар, да бидеме на посакуваното ниво и во нападот и во одбраната за да стигнеме до победа“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести