Пејовиќ: Искуството е на наша страна, но мечот со Бутел ќе го одлучуваат нијанси

Предизвиците во ракометната Супер-лига за тимот на Тинекс Пролет продолжуваат со утрешниот дуел на домашен терен против Бутел (18 часот, сала „Македонско сонце“). Скопскиот суперлигаш во последните сезони е ривал на Тинекс Пролет во борбата за висок пласман, а тоа е случај и оваа сезона, бидејќи по десет комплетирани кола двете екипи се наоѓаат на делба на четвртата позиција со по 21 освоен бод.

Избраниците на тренерот Андон Бошковски се свесни за тежината на натпреварот, против ривал што секогаш го одликува цврста игра во одбраната против која редовно се постигнуваат мал број на погодоци. 

Натпреварите со Бутел секогаш се тешки и полни со набој, желба за победа на двата тима. И Тинекс Пролет и Бутел имаат големи амбиции, сакаат да бидат веданш зад Вардар и Пелистер. Бутел игра многу цврста одбрана, овој тим е многу агресивен, а сега и со Чаневски на голот е уште потешко да се најде патот до мрежата. Секако дека и ние имаме свои предности, пред се мораме уште еднаш да докажеме дека сме екипа која знае како да игра и да победува тешки натпревари, нешто што во повеќе наврати го докажавме минатата сезона. Искуството е на наша страна, но ова ќе биде меч што ќе го одлучат нијанси, ќе се игра на една или на две топки... Кој ќе биде посконцентриран во тие клучни моменти на крајот ќе се радува на победата“, изјави Жарко Пејовиќ, еден од најискусните во таборот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести