Андоновски: Охрид го респектираме, но ќе сториме се за бодовите да останат во Пролет

Тинекс Пролет денеска е пред нов предизвик, во салата „Македонско Сонце“ од 18 часот нашиот тим ќе го пречека составот на Охрид, тим што во последните сезони редовно ни е сериозен ривал во битките за излез во ракометна Европа. Избраниците на Андон Бошковски се наоѓаат во добра форма, во досегашните осум кола имаат шест победи и два порази, а со денешниот меч почнува серијата тешки пресметки против ривалите за висок пласман (Охрид, Еурофарм Пелистер,Бутел, Металург).

Токму поради ова, неопходно ќе биде денешниот натпревар да биде одигран на највисоко ниво, не само за осигурување на место во плејофот, туку и за што подобар пласман пред почетокот на финалната фаза од натпреварувањето.

„Охрид е тим што го респектираме, ривал со кој секогаш водиме неизвесни битки за бодовите. Дуелите вообичаено ги решава цврстата одбрана, така што повторно ќе мораме да бидеме на висина на задачата во овој дел од играта. Ќе мораме да бидеме ефикасни и во нападот, да најдеме начин да ја пробиеме нивната зона, што не е нималку лесно. Охрид врза два порази во Супер-лигата, но тоа не смее да не залаже, станува збор за квалитетна екипа што ќе го казни секое наше опуштање. Затоа, мораме да одиграме максимално ангажирано од првата до последната минута за да ја оствариме нашата цел - бодовите да останат во Пролет“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Натпреварот меѓу Тинекс Пролет и Охрид ќе биде емитуван со директен пренос на МТВ3, со почеток во 18 часот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести