Мисијата е исполнета - Струга освоена со 21-24

Тинекс Пролет ја забележа и петтата овосезонска победа откако во шестото коло од Супер-лигата нашиот тим триумфираше на незгодното гостување против Струга (21-24). Домашните ракометари се покажаа како тврд орев, но тимот на Тинекс Пролет покажа карактер, одолеа на притисокот во второто полувреме и заслужено се враќа дома со нови три бода на своето салдо.

Избраниците на Бошковски поведоа со 1-2, нешто подоцна имаа и водство од 2-4, но малиот пад во концентрацијата им овозможи на стружани да направат мини пресврт и да поведат со 7-5. Набрзо следеше камбек на Тинекс Пролет, Пејовиќ биеше прецизно, два гола постигна и Голубовиќ, по што составот на Бошковски повторно поведе. Серијата голови продолжи и донесе водство од 9-13, за на одмор да се замине со водство на Тинекс Пролет од 11-14.

Стружани не се предадоа, набрзина се вратија резултатски, намалувајќи на 16-17. Петковски имаше значајна одбрана спречувајќи израмнување, по што на спротивната страна Аларов биеше прецизно. Се продолжи со израмнета игра на двете страни, а десното крило Димов постигна два значајни гола со лоб-удари, носејќи водство од 20-22 за гостите пред тренерот на Струга да побара нов тајмаут. Стружани намалија на 21-22, но Аларов одговори со нов гол, по што Петковски со нова одлична интервенција интервенција стави печат на победата, што на крајот изнесуваше конечни 21-24.

Пецаковски со шест и Аларов со пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, по три погодоци постигнаа Димов и Џонов, а по двапати прецизни беа Голубовиќ и капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести