Фуриозно прво полувреме за победа над Прилеп

Тинекс Пролет во третото коло ја забележа и третата победа во Супер-лиата, откако на премиерниот домашен дуел славеше над составот на Прилеп со резултат 31-28. Извонредното прво полувреме овозможи рутински триумф на составот на Андон Бошковски, кој останува со стопроцентен ефект во пресрет на гостувањето против Еурофарм Пелистер наредниот викенд.

Палевски го отвори натпреварот со два погодоци, но за разлика од претходниот дуел со Скопје овојпат беспрекорно од првата минута функционираше и одбраната на Тинекс Пролет. Ова овозможи од минута во минута водството да се зголемува, па веќе по десет минути игра Тинекс Пролет поведе со 7-2, а гостинскиот стратег го побара првиот тајмаут. Цврстата одбрана на Тинекс Пролет овозможи и лесни голови на спротивната страна, па со реализацијата на Аларов од контранапад нашиот тим стигна и до првото двоцифрено водство (15-5). Овој резултат беше лесно контролиран до крајот на полувремето, по што на одмор се замина со 19-9.

Вториот дел донесе неочекувано опуштање во играта, по што гостите за петнаесетина минути го преполовија водството на Тинекс Пролет. Во овој период брилијантен беше голманот на Прилеп, Ангелески, со бројни одлични интервенции и два одбранети седмерци. Неговата серија на одбрани со успешно реализиран пенал ја прекина Доне Мајнов, потоа повторно проработе нападот на Тинекс Пролет, па мечот беше умешно привршен до конечните 31-28.

Палевски со осум и Аларов со седум погодоци беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет, а по три погодоци реализираа Додевски, Андоновски и Голубовиќ.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести