Пораз од Бутел (31-26) на „генералката“ пред Гранолјерс

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 31-26 на пријателскиот меч против Бутел, што претставуваше „генералка“ за нашиот тим пред квалификациите за Лигата на Европа и двомечот против Гранолјерс. Доне Бошковски го претрпе првиот пораз како тренер на Тинекс Пролет, а главен акцент во наредниот период ќе биде ставен на играта во одбрана, каде дефинитивно постои простор за напредок.

Денешниот дуел почна со израмнета игра, па на половина од првото полувреме резултатот гласеше 9-9. Бутел нешто подобро го финишираше полувремето и на одмор замина со предност од 14-13, а пресуден беше почетокот од вториот дел, во кој домашниот состав создаде поконкретна позитива. „Бутелци“ најпрвин се одлепија на 19-16, а потоа во 48. минута имаа и водство од 25-20. 

И покрај обидите за камбек, Бутел рутински ја задржа предноста и триумфираше со убедливи 31-26. 

Тинекс Пролет в четврток патува за Шпанија, каде во петок и сабота ќе се сретне со Гранолјерс во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести