Триумфално деби на Бошковски, ефикасен меч и победа над Прилеп (38-32)

Андон Бошковски имаше триумфално деби на клупата на Тинекс Пролет, откако нашиот клуб славеше со 38-32 на пријателскиот меч со Прилеп што беше одигран во Маврово. Ова беше прв од неколкуте натпревари што Тинекс Пролет ќе ги игра во наредниот период како загревање за двомечот со Гранолјерс во квалификациите за Лигата на Европа.

Првото полувреме донесе израмнета игра, а на одмор се замина со предност на Тинекс Пролет од минимални19-18. Клучната позитива беше направена во првиот дел од второто полувреме, па на десет минути до крајот резултатот гласеше 32-22 за тимот на Тинекс Пролет. Тренерот Бошковски им даде шанса на сите ракометари, а малиот пад на концентрацијата во финишот им овозможи на противниците да ја намалат негативата, за конечн 38-32.

Џонов беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет со девет гола, осум постигна капитенот Андоновски, а седум пати прецизен беше Аларов.

Следен предизвик за избраниците на Бошковски ќе биде контролниот дуел со вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести