Десеткратниот шпански шампион Гранолјерс е противникот што Тинекс Пролет го доби во првото квалификациско коло за Лигaта на Европа, по ждрешката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена.
Гранолјерс е клуб што важи за еден од оние со најголема традиција во ракометна Шпанија, тим што има десет титули, но последната од нив во 1974 година, кога Гранолјерс за последен пат го освоил и Купот на Шпанија. Последните поголеми успеси оваа екипа ги има во европските купови, во 1995 и во 1996 година, кога Гранолјерс две години по ред го креваше пехарот во ЕХФ Купот.
Гранолјерс минатата сезона во АСОБАЛ-лигата ја заврши со 47 освоени бода, на делба на третото до петтото место, заедно со екипите на Ла Риоха и на Хуеска.
Според ждрепката, предвидено е Тинекс Пролет да го игра првиот меч на домашен терен во Скопје на 28/29 август, а реваншот е закажан за една седмица подоцна во Шпанија.