Убедлив печат на третото место, триумф во Струга!

Ракометарите на Тинекс Пролет согласно очекувањата убедливо славеа на гостувањето против Струга со 23-30 (11-16), запечатувајќи го третото место во Суперлигата сезонава и посакуваниот европски излез.

Без никакви проблеми избраниците на Зоран Кастратовиќ од самиот почеток на дуелот во Струга наметнаа сопствен ритам кој домашните не умееја да го следат. По брзата предност од 1-3 во првите минути, постојаната предност се одржувајќи со континуирано зголемување на разликата за на крајот пет гола предност (11-16) на полувремето.

Во второто полувреме сосема идентична слика на паркетот. Далеку поквалитетниот тим на Тинекс Пролет постојано ја зголемуваше предноста која во 48. минута изнесуваше и 16-25. До крајот главно во игра гол за гол, се заокружи за конечни 23-30.

Најефикасен во редовите на Тинекс Пролет беше Давор Палевски со 8 гола, а по пет погодоци запишаа Аларов и Андоновски. Со четири постигнати гола мечот го заврши Жарко Пејовиќ. Кај домашните се издвои Филип Пајкоски со пет гола.

По оваа победа, Тинекс Пролет дојде и до седмата победа во Суперлигата, со 22 бода обезбедувајќи го местото кое носи во Европа.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести