Пораз во последните минути, по силен отпор, од лидерот Вардар

Пораз во претпоследниот натпревар од плејофот во Суперлигата за ракометарите на Тинекс Пролет во старото скопско дерби од лидерот на првенствената табела, Вардар со 22-28 (11-14).

Големиот фаворит до триумфот дојде во последните десет минути од дуелот благодарение само на поголемата концентрација во нападот во финишот која пресуди за конечната победа од шест гола разлика. Претходно повеќе од 45 минути максимално израмнета игра. 



Избраниците на Зоран Кастратовиќ со головите на Пејовиќ и Димов поведоа на почетокот од натпреварот со 2-0, но многу брзо вардарци се активираа и го презедоа водството, па од игра гол за гол на полувремето Вардар дојде до предност 11-14.



Во второто полувреме одлична игра на Тинекс Пролет кој дојде до израмнување во 45. минута за 19-19. Во следниот напад можност и за водство, но остана нереализиран, за да Чупиќ казни за 19-20, а потоа погодија и Јотиќ и Валчак за 19-22. Во продолжението беше „скршен“ отпорот на домашните за да во 50. минута „вардарци“ имаат предност и од 20-25 со што беше навестен победникот на натпреварот.

Најефикасен кај Тинекс Пролет беше Михаил Аларов со пет гола, а Пецаковски запиша четири погодоци. Со по три гола завршија Димов, Потиќ и Палевски. Кај Вардар најефикасни беа Чупиќ со 8 гола и Гоце Георгиевски со 7 погодоци.

Тинекс Пролет за потврда на третото место во последното коло треба да триумфира на гостински терен против Струга.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести