Одложено колото во плејофот поради трагичната смрт на Никола Даниловски

Ракометна Македонија денеска е потресена по трагичната смрт на голманот на Охрид, Никола Даниловски, чие тело утрово беше пронајдено во водите на охридското езеро.

Поради овој трагичен настан, Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за одложување на сите натпревари од претпоследното коло од плејофот, кои требаше да бидат одиграни во текот на денешниот ден. Сите дуели, меѓу кои и нашиот меч на домашен терен против Вардар, ќе се одиграат в понеделник.

Ракометниот клуб Тинекс Пролет изразува длабоко сочувство до семејството, најблиските и до клубот на Никола Даниловски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести