Голем бод за Тинекс Пролет во Бутел (26-26)

Тинекс Пролет направи уште еден значаен чекор кон осигурување на третото место во плејофот откако вечерва во рамките од 12. коло ремизираше на гостувањето против Бутел (26-26). Иако беше испуштена предност од два гола во самиот финиш, пресудно беше да не се загуби овој натпревар и да се задржи предноста од четири бода во однос на Бутел на две кола до крајот, нешто во што избраниците на Кастратовиќ успеаја за значајно реми.

Натпреварот почна во израмнета игра во која двата тима многу полесно од вообичаеното го наоѓаа патот до мрежата на противникот. Тинекс Пролет прв успеа да се одлепи резултатски, избраниците на Кастратовиќ за момент поведоа и со три гола разлика (7-10), но потоа во самиот финиш од полувремето дојде до пад во концентрацијата што домашните ракометари ја казнија. Во последните минути предноста се истопи, па на одмор се замина со израмнет резултат, 13-13. 

Потиќ одлично го почна второто полувреме, постигнувајќи неколку погодоци и асистирајќи до соиграчите, но Бутел одговараше со иста мерка, па во 41. минута домашниот тим имаше минимална предност од 19-18. Тактичката битка продолжи и во наредниот период, но Тинекс Пролет собра сили за пресврт, за со голот на Аларов да поведе со 21-23 на десет минути до крајот. Предноста на Пролет се движеше меѓу еден и два гола, Андоновски и Пејовиќ ја презедоа одговорноста во нападот, но Бутел на 90 секунди до крајот при резултат 25-26 доби можност да го израмни резултатот. Трифковиќ погоди од пивот за 26-26, а со оглед на фактот дека и ремито беше добар резултат за задржување на третото место, Тинекс Пролет рутински ја задржа топката до самиот крај, за конечни 26-26 и значаен бод за задржување на одличниот пласман во плејофот.

Пејовиќ и Потиќ со по шест гола, додека пет пат прецизен беше Пецаковски, а четири гола постигна одличниот пивот Михаил Аларов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести