Тинекс Пролет му гостува на шампионот Вардар

Продолжува пеколното темпо на натпревари во ракометниот плејоф, Тинекс Пролет денеска го очекува гостување против актуелниот шампион на Македонија, екипата на Вардар (16.30 часот, СЦ „Јане Сандански“). Улогата на фаворит целосно му припаѓа на домаќинот, но тренерот Никола Матлиески очекува од своите ракометари да покажат карактер, за во добро светло да се претстават против „црвено-црните“.

„Јасно е дека Вардар е апсолутен фаворит на овој натпревар, тоа е екипа што игра најдобар ракомет во Македонија во моментов и има перфектен скор во досегашниот дел од плејофот. Тоа што противникот е поквалитетен треба да биде само мотив плус за нашиот тим. Очекувам да одиграме квалитетен натпревар, да се бориме за секоја топка, да покажеме карактер и желба за надигрување со најдобрите“, изјави Матлиески во пресрет на денешниот дуел.

Тинекс Пролет влегува во овој меч по значајната победа во скопската пресметка со Бутел, со која нашиот тим се врати на третото место на табелата.

„Тоа беше исклучително важен натпревар на кој успеавме да одговориме на предизвикот. Пресуден беше карактерот, покажаната борбеност и цврстата игра во одбраната, со која го исфрливме противникот од посакуваниот ритам. Направивме помалку технички грешки од Бутел, тоа беше една од клучните работи што ги зацртавме пред натпреварот, одигравме квалитетен дуел и заслужено стигнавме до победата. Ова е плејоф и нема лесни натпревари, пред секој дуел чувствуваме одредена позитивна трема, но мило ми е што против Бутел стигнавме до посакуваниот резултат“, истакна Матлиески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести