РК Тинекс Пролет со поддршка за одлуката на РФМ

Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја поздравува и апсолутно ја поддржува последната одлука на Ракометната Федерација на Македонија, според која бројот на учесници во Супер-лигата за наредната сезона се намалува на 12 екипи. 

Со оваа одлука, од самиот почет на наредната сезона дел од елитното македонско ракометно друштво ќе бидат и СЕХА-лигашите Вардар и Еурофарм Пелистер, со што ќе се крене квалитетот на Супер-лигата. Планираното намалување на Супер-лигата од 12 на 10 екипи за сезоната 2022/23 е исто така испратен потег за поголема концентрација на квалитетот на домашната ракометна сцена.

Воедно, Тинекс Пролет како клуб што секогаш за приоритет го имал развојот и давањето шанса на македонски ракометари ја поздравува одлуката за намалување на бројот на странци, на шест од почетокот на сезоната 2022/2023, уште една мерка со која се гарантира развојот на македонскиот ракомет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести