Тинекс Пролет претрпе очекуван и заслужен пораз од 26-17 на дуелот со Еурофарм Пелистер, меч што го одбележа катастрофалната арбитража на судиската двојка Трајковски - Вукашиновски, се со цел апсоулутно непотребно да се ослаби нашиот тим во финишот од меч чиј победник веќе беше решен.
Триумфот на битолчани е апсолутно заслужен и без никаква дамка, одраз на разлика во искуство и квалитет на двата тима. Сепак, во ситуација на крајно мирен и спортски натпревар останува нејасно која беше потребата судиите да стапат на сцена во 49. минута, најпрвин да му покажат директен црвен картон на капитенот Ласко Андоновски, а веднаш потоа за приговор син картон да добие и Дејан Пецаковски, еден од најискусните ракометари во нашиот табор.
Резултатот во тој момент гласеше 19-14 и победата на Еурофарм Пелистер не беше доведена во прашање, стартот на Андоновски не беше брутален за директен црвен картон, но арбитрите решија да се претворат во главни актери на теренот, на штета на Тинекс Пролет, но и на ракометот севкупно.
На крајот, битолчани рутински и заслужено славеа со „плус девет“, во меч во кој најефикасни во нашите редови беа Аларов со пет и Андоновски со четири погодоци, додека Пецаковски и Палевски по двапати ги матираа домашните голмани.