Доминација од почеток до крај - супериорна победа над Металург (29-26)

Тинекс Пролет во голем стил го стартуваше настапот во ракометниот плејоф на Македонија откако во рамките од првото коло го совлада Металург со резултат 29-26. Нашите ракометари за ривал го имаа повеќекратниот првак на Македонија, но тоа им послужи како мотивација да одиграат беспрекорен натпревар, целосно да го контролираат резултатот од почеток до крај и заслужено да стигнат до голема победа.

Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет од самиот почеток од овој меч, а од неа произлегоа и неколку лесни погодоци на спротивната страна. Од минута во минута предноста на домашниот состав се зголемуваше, принудувајќи го гостинскиот стратег при резултат 9-4 да го побара првиот тајмаут на натпреварот. Следните неколку минути беа единствениот период во кој Металург беше подобар ривал на теренот, но откако гостите се приближија на 12-11 тајмаутот на тренерот Матлиески вроди со плод, Тинекс Пролет повторно заигра како во почетниот период од мечот и со двата гола на Потиќ и одбранетиот зицер на Шилегов на одмор замина со 16-12.

Одличната одбрана продолжи и во вториот дел, кога во првите шест минути не беше примен ниту еден гол, а Тинекс Пролет стигна и до најубедливи 19-12. Оваа предност беше рутински чувана во остатокот од натпреварот, Ласко Андоновски одигра капитенски постигнувајќи неколку значајни погодоци, а во самата завршница блесна и Пејовиќ, кој со асистенции и голови стави печат на победата изразена со конечни 29-26.

Ласко Андоновски ги предводеше стрелците кај победничкиот тим со седум погодоци, пред Пецаковски и Потиќ со по пет, додека четири гола постигна Пејовиќ.

Тинекс Пролет во следното коло ќе му гостува на вториот тим на Еурофарм Пелистер, меч што ќе се игра во Битола по репрезентативната пауза.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид28
2Вардар26
3Е. Пелистер26
4Охрид23
5Тиквеш16
6Бутел16
7Пролет14
8Прилеп12
9Куманово6
10Борец6
11Струга6
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести