Лесна и убедлива победа над Борец во Купот на Македонија (38-19)

Тинекс Пролет без проблеми се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија откако рутински триумфираше на мечот со Борец Велес со убедливи 38-19. Разликата во квалитет беше и повеќе од очигледна, па тренерот Матлиески им даде поголема минутажа на резервните ракометари, кои максимално ја оправдаа неговата доверба и забележаа убедлива победа.

Гостите од Велес го постигнаа првиот гол на мечот, но набрзо потоа Тинекс Пролет наметна темпо што велешани не беа во можност да го следат. Одбраната на чело со голманите Кристо и Кизиќ функционираше беспрекорно, овозможувајќи лесни погодоци на спротивната страна. Резултатот на полувреме гласеше 22-11, за во вториот дел Тинекс Пролет да заигра уште подобро во одбраната, за 30 минути да прими само осум гола и на крајот да триумфира со убедливи „плус деветнаест“.

Мартин Димов беше најефикасен во победничкиот гим со седум погодоци, еден помалку постигна Џонов.

Следен предизвик за ракометарите на Тинекс Пролет е стартот на натпреварувањето во плејофот, каде во првото коло нашите ракометари ќе се сретнат со Металург.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести