Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 28-27 на пријателскиот натпревар одигран во Кавадарци против Тиквеш, плаќајќи за слабата реализација во самата завршница од мечот. На дваесетина дена до стартот на плејофот и премиерниот дуел со Металург, ова е сериозно предупредување до тренерот Матлиески и ракометарите дека мора да прикажат далеку подобри изданија доколку се сака да се оствари целта и да се обезбеди пласман во ракометна Европа за наредната сезона.
Тинекс Пролет одлично го стартуваше натпреварот и уште во раната фаза поведе со 1-5. Домашните ракометари се разбудија и одиграа нешто подобро до крајот на полувремето, но избраниците на Матлиески сепак стигнаа заминаа на одмор со предност од 13-15.
Второто полувреме донесе израмнет ракомет до самиот крај, а пресудна се покажа недоволната концентрација на нашите ракометари во клучниот дел од мечот. При 27-27 Тинекс Пролет имаше напад за победа, но не само што не го искористи, туку прими гол од полуконтра за водство на противникот од 28-27. Тинекс Пролет потоа имаше уште еден последен напад, но повторно избраниците на Матлиески не го најдоа патот до мрежата на кавадарчани, на крајот губејќи го овој интересен дуел.
Тинекс Пролет и Тиквеш ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, в петок во салата „Македонско Сонце“ во Скопје.