Борец Велес е прв ривал на Тинекс Пролет во Купот на Македонија

Тинекс Пролет го дозна противникот во првата рунда од Купот на Македонија, при извлекувањето што беше извршено во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Прв ривал на избраниците на Никола Матлиески ќе биде прволигашот Борец Велес, поранешниот ракометен великан кој до минатата сезона беше дел од Супер-лигата, но годинава е дел од второто по квалитет натпреварување на домашната ракометна сцена.

Според пропозициите, ќе се игра само еден натпревар, на 24 или 25 февруари, а ждрепката му ја додели улогата на домаќин на Тинекс Пролет.

Победниците на овие натпревари се пласираат во групната фаза, каде ќе се формираат четири групи од по четири екипи, а со натпреварите на 31 март и на 1 април победниците од групите ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија, што ќе се одржи од 21 до 23 мај.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести