Пивотот на Тинекс Пролет, Михаил Аларов, синоќа го имаше своето деби во дресот на македонскaта репрезентација, на натпреварот против селекцијата на Чиле.
Повикот стигнува како награда за добрите игри на Аларов во дресот на Тинекс Пролет од стартот на сезонава. Нашиот ракометар го мина речиси целото второ полувреме на теренот. Тој не упати ниту еден шут кон противничкиот гол, но имаше еден изнуден пенал и еден блокиран шут во одбраната.
Се очекува Аларов да добие шанса и на вториот пријателски натпревар што Македонија викендов ќе го одигра со истиот противник.