Подмладениот Пролет немоќен во Струга (25-21)

Тинекс Пролет претрпе пораз од 25-21 на гостувањето против Струга, меч на кој нашиот клуб настапи значително ослабен, без Петар Ангелов на голот и без Давор Палевски. Во ситуација кога пласманот во плејофот беше осигуран, тренерот Матлиески им даде шанса на дел од ракометарите кои сезонава не добиваа преголема минутажа, се со цел и тие да добијат можност да ги покажат квалитетите.

Првото полувреме донесе израмнет ракомет, Тинекс Пролет водеше со 3-4, за потоа Струга да биде тимот што ќе го контролира резултатот. Домаќините водеа со 6-4, потоа и со 8-6 и со 9-7, но Тинекс Пролет успеа да се врати и израмни на 12-12, резултат со кој се замина на одмор.

Клучен период беа првите десетина минути од второто полувреме, во кое Струга успеа да се одлепи резултатски. По исклучувањето на Василевски стружани постигнаа два гола од контрапанад во празна мрежа, поведоа со 17-13 и потоа рутински ја сочуваа предноста до самиот крај и конечните четири гола разлика.

Дејан Пецаковски беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет на денешниот натпревар со осум погодоци, пет постигна Џонов, а по двапати прецизни беа Гичев и Василевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести