Тинекс Пролет 18 минути не прими гол, рутински триумф над Струга (23-15)

Тинекс Пролет повторно стигна до пласман на табелата кој значи влез во плејофот откако вечерва триумфираше над Струга со 23-15. Второто полувреме беше пресудно на овој натпревар, пред се поради играта во одбрана што ја прикажаа избраниците на Матлиески на чело со голманот Кизиќ, што придонесе гостите да постигнат само пет гола за вкупно 30 минути игра.

Почетокот најави проблеми, откако на самиот старт не беа реализирани два седмерци, а гостите солидно парираа. Стружани во еден момент дури имаа и водство од 5-7, но Тинекс Пролет во вистински момент се консолидираше, го сврте резултатот во своја полза и до крајот на полувремето поведе со 12-10. 

Домашните ракометари тргнаа фуриозно на стартот од вториот дел, дојдоа до предност од 15-10, а откако гостите стигнаа до 15-12 следеше период од дури осумнаесет минути во кој стружани не успеаја да го матираат Кизиќ. Следеше серија од 8-0 на Тинекс Пролет со што практично не беше само осигуран триумфот, туку и домаќините се погрижија истиот да биде убедлив, изразен со конечните „плус осум“.

Давор Палевски со девет гола повторно ги предводеше стрелците на Тинекс Пролет, пет постигна капитенот Андоновски, а три Иван Џонов.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести