Тројца играчи на Тинекс Пролет на списокот на селекторот Брестовац

Тројца ракометари на Тинекс Пролет се најдоа на списокот на селекторот Данило Брестовац и ќе бидат во комбинација за почетните натпревари на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2022, во кои „црвено-жолтите“ за противници ќе ги имаат селекциите на Финска и на Швајцарија.

Станува збор за пивотот Михаил Аларов, бекот Иџан Џонов и левото крило Давор Палевски, кој летово пристигна во Тинекс Пролет и веднаш се докажа како одлично засилување за нашата екипа. Аларов и Палевски беа во добра форма на почетните натпревари од новата сезона на кои нашиот тим забележа рутински победи. Џонов го пропушти стартот на сезоната поради повреда на мускулот, но во меѓувреме се рехабилитираше од овој проблем и ќе му биде на располагање на тренерот Матлиески за продолжението од Супер-лигата.

Дел од националниот тим неколку години наназад е и шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, кој е прв асистент на селекторот Брестовав при работата со сениорскиот национален тим.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести