Тројца нови ракометари на Тинекс Пролет позитивни на Covid-19

Ракометниот клуб Пролет ја известува спортската јавност за нови случаи на Covid-19 во нашите редови. Резултатите од новото тестирање меѓу сите членови на РК Пролет покажаа три нови случаи на коронавирус меѓу ракометарите на нашиот клуб.

Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес. Вкупно 12 ракометари на Пролет моментно се позитивни на Covid-19.

Пролет се уште не продолжува со тренинзи, се додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот на тренерот Никола Матлиески. 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Прилеп6
2РК Пролет 625
3МРК Куманово4
4РК Струга3
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести