Победа над Прилеп (28-25) на претпоследната контрола

Тинекс Пролет забележа уште една победа во подготвителниот период, овојпат триумфирајќи на домашен терен над Прилеп со резултат 28-25. Тренерот Матлиески на овој меч не можеше да смета на Џонов, кој заработи ситна повреда на претходниот меч со Металург, но се очекува овој ракометар да биде подготвен за стартот на новата сезона.

Прилепчани се покажаа како цврст ривал кој одлично му парираше на нашиот тим. Најдобра потврда за тоа е и тесниот резултат во текот на целиот натпревар, на одмор се замина со израмнети 12-12, за во вториот дел Тинекс Пролет конечно да се одлепи и на крајот заслужено да слави со три гола разлика.

Избраниците на тренерот Матлиески в петок ги очекува дуел со Пелистер 2, што воедно ќе биде и последна контрола пред стартот на новата сезона закажан за 11 септември.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Е. Пелистер38
2Алкалоид38
3Вардар38
4Охрид30
5Тиквеш23
6Бутел22
7Пролет17
8Прилеп17
9Куманово10
10Борец8
11Струга7
12Радовиш4

Најнови вести

Архива на вести