Тинекс Пролет ќе се натпреварува во групата А од Супер-лигата, беше одлучено со денешната ждрепка што се изврши во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
Нашиот тим беше сместен во вториот шешир, а при извлекувањето за ривали ги доби Охрид, Радовиш, Астарион, Струга, КЛ 7 и Јуниор Вода. Со респект кон сите ривали, Тинекс Пролет останува на своите зацртани цели - пласман во плејофот, каде ќе се пласираат трите најдобри екипи од секоја група.
Воедно, утврден беше и календарот за новата сезона што ќе стартува на 12 септември. Во првото коло Пролет го очекува гостување во скопската населба Кисела Вода против РК Јуниор, а првиот домашен меч ќе го играме против струмички Астраион.