Давор Палевски е првото засилување на Тинекс Пролет за новата натпреварувачка сезона, откако успешно ги финиширавме преговорите за ангажман на најдобриот стрелец во Супер-лигата минатата сезона. Палевски денеска го стави потписот на договорот со Тинекс Пролет, решавајќи да остане во Скопје по одличната ланска сезона што ја имаше во дресот на Работнички. Левото крило постигна 190 гола на 17 натпревари за овој тим, на негова адреса летово пристигнаа неколку интересни понуди, за на крајот да го избере токму Тинекс Пролет за следна дестинација во кариерата.
Станува збор за играч кој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија. Палевски беше дел од составот на младинците кои стигнаа до одличното шесто место на СП во Алжир.Пред Работнички нашиот нов ракометар го носеше дресот на Металург, тим за кој настапуваше и во Лигата на Шампионите.
„Задоволни сме што успеавме да доведеме квалитетно засилување кое ќе ја крене играта на Тинекс Пролет на едно повисоко ниво. Го задржавме речиси целиот тим од ланската сезона, а со дополнителното засилување остануваме на вистинска патека и очекуваме пласман во плејофот“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.
Воедно, Тинекс Пролет не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со Стефан Стојановски, кој неколку години наназад со успех го носеше дресот на нашиот клуб. Му благодариме на Стојановски за неговиот придонес и му посакуваме многу среќа во иднина.