Тинекс Пролет прекинува со тренинзи: Останете дома, чувајте се...

Ракометниот клуб Тинекс Пролет донесе одлука за прекин на тренажниот процес на првата екипа и сите младински тимови се до завршувањето на кризните мерки што се препорачани од Владаста на РСМ против ширење на коронавирусот.

Како општествено одговорен клуб, донесовме одлука стручниот штаб и ракометарите да се распуштат на неодредено време, при што им се дадени совети и препораки за минимизирање на ризикот од Ковид-19. „Принудниот одмор“ ќе трае се до наредната одлука, која како клуб ќе ја донесеме откако ќе се добие официјална информација дали и кога ќе може да продолжи домашното првенство во ракомет.

Останете дома, чувајте се и внимавајте на себе и на другите, тоа е единствениот начин да излеземе од ова заедно како победници.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести