Џонов: Дуелите со Бутел секогаш се неизвесни и со мал број голови

Пласманот во плејофот е веќе обезбеден, но ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со максимален ангажман и во последните две кола од Супер-лигата. Вечерва, во претпоследната рунда нашиот клуб го очекува гостување против градскиот ривал Бутел (19 часот), дуел што нема преголемо резултатско значење бидејќи двата тима веќе се во плејофот, но сигурно ќе влијае врз атмосферата пред клучниот дел од сезоната.

„Станува збор за противник со кој секогаш играме интересни и неизвесни натпревари. Вообичаено цврстите одбрани го решаваат победникот, се постигнуваат по 22-23 погодоци, но овојпат и двата тима се нешто позасилени, па верувам дека може да се одигра и поефикасно во нападот. Ние сме подготвени, сакаме да победиме и да ја продолжиме победничката серија од почетокот на годинава и со позитивна атмосфера да влеземе во плејоф-натпреварувањето“, изјавува Иван Џонов, еден од најдобрите поединци во таборот на Тинекс Пролет сезонава.

Тој се осврна и на минатото коло, во кое Тинекс Пролет лесно и убедливо триумфираше над Вардар Јуниор со 37-21.

„Одигравме токму онака како што се очекуваше од нас, максимално ангажирано од првата до последната минута. Кога пристапот е вистински, победата не се доведува во прашање, тоа беше случај против Вардар Јуниор и очекувам во ист стил да продолжиме и на следните натпревари“, истакнува Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести