Супериорна победа над Вардар Јуниор (37-21)

Тинекс Пролет и во вториот натпревар во 2020 година одигра импресивно, лесно стигнувајќи до победа над тимот на Вардар Јуниор (37-21). Пласманот во плејофот е веќе осигуран, но тоа не им пречеше на нашите ракометари да одиграат одличен натпревар, уште во првото полувреме да го решат победникот, а потоа и во вторите 30 минути да продолжат со силно темпо за кое противникот не најде одговор.

„Црвено-црните“ успеваа да одржат неизвесност само во првите десетина минути, кога одлично се снаоѓаа по одбиените топки по одбраните на Ангелов, реализирајќи од „втора шанса“. Резултатот последен пат беше „тесен“ при 7-6, за Тинекс Пролет да постигне пет гола во серија и веќе во 18. минута да има двојно повеќе погодоци од противникот. Ангелов бранеше одлично на голот на домашниот состав, овозможувајќи на одмор да се замине со убедливи 18-11.

Матлиески извади дел од стандардните првотимци од игра, но предноста продолжи да расте како што одминуваше вториот дел. Младиот Кристо блескаше на голот, одлично заменувајќи го искусниот Ангелов, на спротивната сстрана беа постигнати низа лесни голови, па водството набрзина стана двоцифрено. Гостинскиот стратег немоќно побара тајмаут при 15 гола разлика (32-17), но налетите на Тинекс Пролет продолжија, одбраната игра на највисоко ниво до самиот крај, за убедлива победа изразена со конечните 37-21.

Џонов одигра уште еден одличен натпревар и со десет гола беше најефикасен, седум постигна Мартин Поповски, а пет пати прецизен беше Филип Василевски.

Во следното коло веќе в среда нашиот тим му гостува на Бутел, два тима што веќе го обезбедија учеството во плејофот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар20
3Е. Пелистер18
4Охрид16
5Бутел12
6Тиквеш11
7Пролет10
8Прилеп9
9Куманово6
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести