Сезоната продолжува - во Радовиш по печат за пласман во плејфот

Зимската пауза заврши, а ракометарите на Тинекс Пролет максимално подготвени го дочекуваат вториот дел од сезонава што го стартуваат со денешното гостување во Радовиш (18 часот). Станува збор за противник со кој во текот на сезоната бевме во трка за четвртото место, но добрите игри пред паузата овозможија Тинекс Пролет да влезе во денешното гостување со предност од седум бода во однос на радовишани, на четири кола до крајот на Супер-лигата.

Воедно, денешниот натпревар ќе биде деби во дресот на нашиот клуб за искусниот голман Петар Ангелов, како и за грчкиот репрезентативец Ѓуро Мујиќ.

„Подготвени сме за она што не очекува, не само против Радовиш, туку и до крајот на сезонава. Работевме напорно во текот на подготовките, се засиливме на одредени позиции во тимот и во вториот дел од шампионатот ќе влеземе со посилен ростер од првата фаза. Што се однесува до дуелот против Радовиш, знаеме дека станува збор за незгоден ривал кој вообичаено игра многу добро на домашен терен. Овој противник може да се добие само со максимално ангажирана игра во текот на сите 60 минути, подготвени сме за такво нешто, за што поскоро да го осигураме пласманот во плејофот“, вели капитенот Ласко Андоновски.

Првиот натпревар меѓу Тинекс Пролет и Радовиш сезонава заврши со убедлив триумф на нашиот тим од 36-27.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 625
2МРК Куманово4
3РК Прилеп4
4РК Струга1
5РК Фруит Ленд Борец1
6РК Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести