Селекторот Данило Брестовац го објави списокот од 19 ракометари кои ќе ги бранат боите на Македонија на турнирот „Трофеј Карпати“ што ќе се одржи во Романија од 26 до 29 декември.
На списокот се наоѓаат и двајца ракометари на Тинекс Пролет, и тоа десното крило Мартин Поповски и пивотот Михаил Аларов. Двајцата ракометари играат во одлична форма во дресот на нашата екипа, а повикот од селекторот е награда за добрите настапи, но и мотив повеќе за да се продолжи со уште позасилено темпо во вториот дел од сезонава.
Поповски воедно се наоѓа и на поширокиот список на ракометари за ЕП 2020 и сериозно атакува на место на листата на патници за Виена.