Мајнов: Пелистер ни е стар должник, сакаме победа за крај на 2019

Тинекс Пролет максимално подготвен ќе го дочека последниот натпревар од 2019 година, во кој скопскиот клуб на домашен терен ќе го пречека Пелистер (сабота, 18.30 часот, сала „Македонско Сонце“). Станува збор за ривал со кој избраниците на Матлиески ремизираа во првиот круг од натпреварувањето, прокоцкувајќи убедлива предност во завршните петнаесетина минути од средбата.

Токму таквиот развој на настаните ќе биде дополнителен мотив за домашните ракометари да одиграат максимално во текот на сите 60 минути, за триумфирално да ја заокружат оваа календарска година.

„Последните натпревари во една година секогаш се незгодни, но верувам дека ние ќе одговориме на тој предизвик. Добро се подготвуваме во текот на целата седмица и ќе влеземе максимално во дуелот со Пелистер, свесни дека не смееме да се опуштиме. Битолчани ни се должници од првиот натпревар, на кој водевме до последната минута, но на крајот моравме да се задоволиме само со еден бод.  Пресудна ќе биде нашата игра во одбраната, противникот е добро анализиран. Верувам во нашиот квалитет, да одиграме квалитетно и со триумф да ставиме печат на годината“ - изјави Доне Мајнов во пресрет на утрешниот натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид22
2Вардар22
3Е. Пелистер20
4Охрид18
5Бутел14
6Пролет11
7Тиквеш11
8Прилеп10
9Куманово6
10Борец5
11Струга4
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести